Шпанските тенисери Рафаел Надал и Гарбиње Мугуруза беа именувани за светски шампиони од страна на Интернационалната тениска федерација (ИТФ), за првпат по 19 години наградата да оди кај спортисти од иста земја.
Надал, за кого ова е трета награда од ИТФ, имаше фантастичен кам-бек по повредите во 2016, освојувајќи 10. титула од Ролан Гарос и трета од САД опен за да стигне до 16 гренд слем титули и да го врати првото место на АТП листата пред Роџер Федерер, кој има 19 гренд слема по двете титули во 2017.
За Мугуруза ова е прва ИТФ награда, откако ја освои титулата од Вимблдон и се искачи на првото место на ВТА листата. Таа годината ја заврши како светска тенисерка број 2, зад Романката Симона Халеп.
Во двојки, кај мажите наградата отиде кај Полјакот Лукаш Кубот и Бразилецот Марсело Мело, додека кај дамите кај Чен Јун-Џан од Тајван и неодамна пензионираната Швајцарка, Мартина Хингис.
Последен пат двајца тенисери од иста земја ја добија наградата во 1998 година, кога отиде во рацете на Американците Пит Сампрас и Линдзи Девенпорт.