Top Sport

Шпанија и Унгарија ќе играат за европско злато во ватерполо

Шпанија и Унгарија ќе се борат за европското злато во ватерполо, додека балканските соседи Хрватска и Црна Гора ќе мораат да се задоволат со борба за бронзениот медал по тесните порази.

Црногорците имаа подобар почеток против Унгарија, добивајќи ја првата четвртина со 2:1, но потоа Унгарците полека ја преземаа контролата на играта и ја оддржуваа разликата од два-три гола до крај за конечна 10:8 победа.

Хрватска пак, во драматично полуфинале загуби од Шпанија со 9:8, иако имаа подобар почеток на мечот. На полувреме беше израмнето 4:4, пред Шпанците да поведат преку Муњариз 4:5, но Хрватска се враќа за 6:6, по што се играше гол-за-гол до крајот на мечот, пред Муњариз со својот трет гол да донесе 9:7 водство на 35 секунди пред крајот, а Хрватска успеа само да намали на 9:8.

ЕП ВАТЕРПОЛО, 1/2 ФИНАЛЕ

Шпанија – Хрватска 9:8 (0:1, 4:3, 2:2, 3:2)

Црна Гора – Унгарија 8:10 (2:1, 1:3, 2:4, 8:10)

Scroll to Top