Домаќинот на Европското првенство во ватерполо, Шпанија избори пласман во финалето, откако во драматичен меч ја победи Италија 8:7 (1:1, 3:2, 1:3, 3:1).
Првата четвртина беше неизвесна и неефикасна, само Боргес за Италија и Роха за Шпанија постигнаа по еден гол.
Работите во базенот не се сменија ниту во вториот период по кој сепак Шпанија стекна минимална предност.
Италија доминирае во третата четвртина, во која успеа да направи пресврт и со гол предност да влезе во решавачкиот период, кој го отвори со гол.
Италија во последните шест минути имаше предност 5:7, меѓутоа до крајот не „азурите“ не постигнаа ниту еден гола, а примија три. Дилемата ќе остане за последниот италијански напад, кога по ударот на еден италијански играч голманот Пинедо одбрани, но прашање е дали топката ја мина замислената гол линија.
На крајот Шпанија победи 8:7. Компте и Гуел постигнаа по два гола за Шпанија, додека најефикасен на мечот о три гола беше Италијанецот Ди Фулвио.
Шпанија во финалето ќе игра против Србија, в сабота од 22:15 часот, додека Италија истиот ден од 20:30 часот ќе се бори за бронзата против Хрватска.