Српската атлетска ѕвезада, Ивана Шпановиќ, конечно успеа да го освои златниот медал кој секогаш и недостасуваше, победувајќи ја својата американска ривалка Бритни Рис во скок во далечина на Светското првенство во сала во Бирмингем.
27-годишната Шпановиќ, која освои бронза и сребро на последните два шампионати во сала, го имаше најдобриот скок оваа година од 6.96 метри за златниот медал, додека трикратната шампионка Рис скокна 6.89 метри за сребро. Бронзата отиде кај Германката Состене Могуенара-Тарум со 6.85 метри за прв медл на големите натпреварувања.
„Се обидував да стигнам до оваа титула толку многу пати и конечно сум злато. Уште не ми се верува, иако се подготвував за ова. Минатиот пат ја загубив титулата во последната серија и затоа сакав да ги задржам емоциите до крај“, вели Шпановиќ.
Пред две години, Рис ја победи Шпановиќ во претпоследната серија во Портланд, а на минатото СП на отворено во Лондон минатата недела, Србинката имаше уште поголемо разочарување, кога за еден сантиметар и избега медал.