Top Sport

Шпански тенисер колабираше на теренот (Видео)

Младиот шпански тенисер Никола Кун не го заврши мечот против Миша Зверев на мастерсот во Мајами. Кун, во третиот сет се сруши на теренот.

Дека Кун не се чувствува добро беше видливо кога лесно ја испушти предноста од 5:2. Во третиот сет тој колабираше, само се сруши на теренот, а навремената интервенција на лекарскиот тим го спречи најлошото.

Кун, потоа во солзи и со помош на тренерот го напушти теренот. Беше испратен со овации од трибините.

„Ова е брутален спорт. Се надевам дека се е во ред со него“, напишал канадскиот тенисер Денис Шаповалов на „Твиер“. Зборови на поддршка, младиот Шпанец добива од сите страни.

Scroll to Top