Top Sport

Што јаде Рафа Надал пред и по тениски меч?

Рафаел Надал е човек на навика. Познати се неговите ритуали пред секој поен и на пример местењето на шишињата вода пред него. Меѓутоа, тоа не значи дека ова се пренесува и на другите делови на неговиот живот.

Во интересно интервју за официјалниот веб-сајт на Роџерс купот, тој одговори на прашањето, што јаде пред и по меч.

„Не сум луд по такви работи како некои други. Пред мечот се обидувам да јадам риба и малку ориз, а по мечот, зависи од тоа како ќе го завршиш. Ако се работи за многу тежок меч, воопшто не јадам многу и чекам два часа пред да седнам на маса“, вели Надал.

32-годишниот Шпанец го почнува канадскиот турнир во среда навечер против Беноа Пер, и вели дека ужива во тоа што го работи, објаснувајќи што прави меѓу турнири.

„Мене навистина ми се допаѓа тоа што го правам. Уживам во тенисот, уживам во АТП турнејата, знам дека сум привилегиран што сум тенисер. Кога не играм турнир, останувам со мојот тим, играм на компјутер, гледам спорт, малку играм фудбал и одам на вечера“, објаснува Надал.

А за шишињата, ако не сте забележиле, еве пример од Австралија опен во 2017 година.

Scroll to Top