Енди Мареј беше светски број 1, првиот Британец со титулата од Вимблдон од 1977 година, и стана еден од најдобрите тенисери на денешницата, меѓутоа, ако се оствари подвигот на неговиот шура, тоа ќе биде навистина историски успех.
27-годишниот поручник Скот Сирс, помладиот брат на сопругата на Мареј, Ким Сирс, се обидува да стане најмладиот човек кој сам патувал до Јужниот Пол. Тој се надева дека обидот да се поминат речиси 1.200 километри ќе му успее за 50 дена, и дека ќе биде на Јужниот Пол за време на Божиќ.
If you were about to be alone for 50 days in Antarctica – what’s the one item you couldn’t live without?
More info about what made it into … pic.twitter.com/c6WNXoEx8Y— antarctic_gurkha (@AntarcticGurkha) November 4, 2017
„Кога и кажав на мојата мајка беше извадена од памет, но по првиот шок, реши да ме поддржува. Знам дека ќе страда, но навикната е да се нервира за мене, по одлуката да одам во војска во пешадијата“, вели Сирс.
Тој патува во Чиле во среда, пред да замине за Антарктик за совјот соло обид, каде што го чекаат температури од -60 степени и ветришта од над 150 км/ч. Тој со себе ќе носи санка од 100 килограми со храна и опрема, а ќе преживува на „вкусни“ дехидрирани јадења.
„Возбуден сум бидејќи две години го планирав ова и сега почнувам. Едвај чекам кога ќе го погледнам Антарктикот“, објаснува Сирс.