Аргентинскиот тенисер Диего Шварцман избори пласман во осмина-финалето, на Мастерсот во Париз.
Шварцман за 85 минути игра, успеа да го победи францускиот ветеран Ришар Гаске со 7:5, 6:3.
Во двата сета Аргентинецот направи по еден брејк што му беше доволно за победа.
Шварцман се наоѓа во добра форма, играше полу-финале на Ролан Гарос, а претходно беше и финалист на Мастерсот во Рим.
Нареден противник на Шварцман ќе му биде Шпанецот, Алехадро Давидович-Фокина.