Шведските бијатлонци победија на штафетната трка 4×7,5 километри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Швеѓаните во состав Пеп Флеминг, Јаспер Нелин, Себастијан Самјуелсон и Федерик Линдстрем доминантно го освоија златниот медал со вкупно време 1:15:16.5 часа.
Норвешката штафета (Биркеланд, Тареи Бе, Тингнес Бе, Свендсен) со задосцнување од 55,5 секунди влегоа во целта и го освоија среброто. Две минути зад Шведска беше штафетата на Германија (Лесер, Дол, Пајфер, Шемп).
Со штафетната трка во машка конкуренција завршија натпреварите во бијатлон на ЗОИ во Пјонгчанг. Најмногу златни медали, по три, освоија Германците и Французите, а две најсјани одличја заминаа за Шведска.