Шведските скијачки Лиса Хорнблад (22), Лин Иварсон (23) и Хелена Рапапорт (24) вчера настапија на тренинг спустот во германски Гармиш Партенкирхен, а претходно му го спасија животот на еден од организаторите на трката кој доживеал срцев удар.
Младите шведски скијачки биле во гондолата кога покрај нив се струполил 60-годишен Германец. Лиса прва скокнала напомош масирајќи му го срцето. Помагала и Хелена, а Лин повикала брза помош.
„Беше лудо, се боревме да го одржиме во живот, минутите поминуваа бавно. Пресреќни сме што се добро се заврши“ – рекла Лиса Хорнблад.
Кога жичарницата стигнала до врвот, лекар на австриската репрезентација се погрижил за Германецот се додека не дошол спасувачкиот хеликоптер кој го однел човекот во најблиската болница.