Американката Симон Бајлс стана првата гимнастичарка во историјата која на светските шампионати освоила 13 златни медали. Бајлс на Светското првенство во Доха, 13.златен медал во кариерата го освои во прескок и на вечната листа го мина славниот Рус,Виталиј Шербо.
21-годишната Американка во Доха веќе освои три златни медали. Покрај нај сјаното одличје во прескок таа освои златни медали во повеќебој и во екипна конкуренција.
Покрај трите златни медали, таа освои сребро на вратило. Во кариерата има вкупно 17 медали на светските првенства.