Top Sport

Симона Халеп е најуспешната Романка, Цириак повторно е најбогатиот

Романската тенисерка Симона Халеп, која во моментов е светска тенисерка број 1, е на првото место на листата на најуспешни Романки според магазинот „Капитал“, а таа исто така првпат влезе во најбогатите 300 Романци.

Халеп во рејтингот успеа да биде подобра од комесарот на ЕУ за регионална политика, Корина Крету, додека трета е Анка Влад, бизнисменка која работи во фармацевтската индустрија.

25-годишната Халеп заработи околу 20 милиони евра оваа година и со тоа влезе меѓу најбогатите 300 Романци, каде што на врвот е уште еден човек поврзан со тенисот – екстенисерот, а сега бизнисмен, Ион Цириак, четврта година едноподруго. Цириак, шампионот од Ролан Гарос од 1970 година, има огромен број на бизниси (банки, осигурување, продажба на автомобили) и богатство од над 2 милијарди евра.

Scroll to Top