Top Sport

Синер го освои „Некст Ген“ турнирот

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои турнирот на младите надежи о Милано, наречен „Некст Ген“. Во финалето го победи Австралиецот Алекс Де Минор со 3:0 во сетови.

Синер се наоѓа на 95 место на АТП листата, а место на турнирот во Милано обезбеди благодарение на специјалната покана од организаторот. Во финалето тој победи 4/2, 4/1, 4/2 за 66 минути игра.

Де Минор (18 на АТП листата) влезе како фаворит во овој дуел но слично како и лани не успеа да ја освои титулата.

Scroll to Top