Top Sport

Синсинати – пораз за Ѓоковиќ и Типсаревиќ во дубл уште во прво коло

Српските тенисери, Новак Ѓоковиќ и Јанко Типсаревиќ се елиминирани уште во првото коло во двојки на турнирот во Синсинати. Полско-бразилската комбинација, Лукаш Кубот и Марсело Мело славеа победа со 2-0 (6-2 и 6-3).

Српскиот тандем кој доби специјална покана е елиминиран од вторите носители.

Во првиот сет Ѓоковиќ и Типсаревиќ им допуштија два брејка на противниците.

Во вториот сет играта подолго време беше во егал, по што Кубот и Мело повторно направија брејк и поведоа со 4-2, по што елиминацијата за Србите беше неизбежна.

Мастерсот во Синсинати се игра за награден фонд од 6 милиони долари.

Scroll to Top