Top Sport

Скандал: Британски боксер советува како жените треба да бидат тепани (Видео)

Британскиот боксер Џо Сандерс остана без лиценцата поради скандалозното видео што го објави во кое објаснува како треба да се тепаат жените.

Сандерс кој во кариерата победил на сите свои 29 борби, во видеото удира во боксерска вреќа и со навредливи коментари ги советува мажите како да ги тепаат жените.

„Сакав да направам образовно видео за сите вас: татковци, сопрузи, момци што имате девојки. Доколку вашата жена не ви дава мир, а вие се обидувате да останете мирни тоа во ред, но по шестиот, седмиот ден ќе бидете пред експлозија“, вели Сандерс и продолжува.

„Кога жената ќе тргне кон вас и ќе започне да ви приговара, не знам што мислите но сигурно сте нервозни. Кога ќе ви пријде удрете ја во брадата, а таа ќе помисли ‘што ми се случува’. Потоа спуштете ја на колена и решете ја“.

Боксерскиот сојуз на Велика Британија експресно, поради ова видео, му ја одзеде лиценцата на Сандерс. Исто така тој ќе мора да даде и изјава пред надлежните органи иако веднаш по објавувањето на видеото рекол дека само сакал да се пошегува.

Scroll to Top