Top Sport

Скардино со деби победа на отварањето на СК во биатлон

Белорусинката Надежда Скардино стигна до победа на првата индивидуална трка од Светскиот куп во биатлон, триумфирајќи на 15-километарската трка во Естерсунд, Шведска.

Скардино беше совршена на стрелиштето, за потоа да ги задржи најблиските ривали зад неа. Норвежанката Синоеве Солемдал заостана 2.9 секунди на второто место, додека трета беше Украинката Јулија Џима, откако и двете биатлонки немаа утки на стрелиштето.

Со температура од -11 степени, првото индивидуално натпреварување беше тешко за биатлонките, но недостатокот на ветер ја олесни работата на стрелиштето.

„Ова е моја прва победа и искрено би си дала 5+ за перформансите. Тренингот се смени оваа сезона, со Алфред Едер како главен тренер на белорускиот тим и тоа ми одговараше“, изјави Скардино, која победата ја посвети на својата мајка, која вчера имаше роденден.

Scroll to Top