Поранешната олимписка шампионка во алпско скијање, Џулија Манкусо ќе биде во Пјеонгчанг следниот месец, но само како ТВ-репортер, откако се пензионираше откако не успеа по петти пат да се квалификува на една Олимпијада.
Најуспешната американска скијачка со 9 медали (4 од Олимпијадите и 5 од Светските првенства), во текот на кариерата се мачеше со болки во колкот, и формално се пензионираше во петокот во Кортина Д’Ампецо. Манкусо претходно се врати на скиите во декември по две сезони пауза и во три трки имаше најдобар пласман на 42. место.
„Ова беше епска битка со повредите, и во последните три години дадов сè да се вратам и да одам на Олимпијада. Но, за жал немам прогрес, ама останувам горда што се борев до крај“, изјави 33-годишната Манкусо, која сега ќе работи како коментатор на „Ен-би-си“.
Манкусо дебитираше на Светскиот куп на 15 години во 1999 година, а прикладно заминува во пензија на пистата каде што го оствари првиот подиум со второ место во супер-џи трка во јануари 2006 година. Еден месец подоцна во Торино таа освои злато на ОИ во велеслалом. Во Ванкувер во 2010 година, таа освои сребро во спустот и во комбинацијата, а во Сочи во 2014 додаде бронза во комбинацијата.
Манкусо, која е родена со дисплазија на колкот, невообичаен раст на коските, беше на операции во 2006 и 2015 година.
Прикладно, таа се повлече по последната трка со костум на „Wonder woman“, по што на целта беше пречекана од сонародничката Линдзи Вон.
Quand c’est ta dernière et que tu veux montrer que c’était toi la Patronne ?? pic.twitter.com/b6jmhylVrJ
— Eurosport.fr (@Eurosport_FR) January 19, 2018