Top Sport

Скокачот Лавилени ја освои „интернационалната домашна“ титула (видео)

Поранешниот олимписки шампион во скок со стап, Французинот Рену Лавилени најде начин да остане зафатен при домашна изолација, организирајќи „интернационално домашно натпреварување.

33-годишниот Лавилени ја искористи предноста што во својот дом во централна Франција има поставено сет за скокови и на Твитер објави видео во кое прескокнува 5.61 метри.

„Ден 20-ти! Сè е под контрола. Солзи радосници на моето лице по 5.61 метри во текот на моето интернационално домашно натпреварување“, напиша Лавилени.

Иако скокот е далеку од 6.16 метри, колку што тој скокна за да го сруши 20 години стариот светски рекорд на Сергеј Бубка, со оваа височина тој е осми најдобар скокач во 2020. Тој додава дека е блиску до „домашниот светски рекорд“ од 5.85 метри.

Швеѓанецот Арманд Дуплантис го подобри овој светски рекорд за еден сантиметар во февруари, пред да го подобри на 6.18 во Глазгов една недела подоцна.

Scroll to Top