Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, во општината Србац во Република Српска, доби скулптура висока два метри. Скулптурата во дрво ја изработил пензионираниот професор по математика, 77-годишниот Душан Лептир.
Лептир е голем фан на Ѓоковиќ, уште пред пет години решил да направи скулптура во природна големина, но не можел да најде вистински материјал. Идејата повоторно оживеала пред финалниот меч на Австралија опен.
Лептир си ветил дека ќе ја изработи скулптурата доколку Ѓоковиќ победи. За изработка на скулптурата искористил дрво од јасен. Осум месеци подоцна го завршил своето дело.
Скулптурата висока два метри и тешка преку 100 килограми.