Top Sport

Словенецот Јеглич позитивен на фенотерол

Репрезентативецот на Словенија во хокеј на мраз, Жига Јеглич, бил позитивен на допонг тестот, поради што веднаш бил суспендиран од понатамошниот настап на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, соопшти судот за спортска арбитража.

Во соопштението се додава дека Јеглич бил позитивен на фенотерол и веднаш ја прифатил одлуката во рок од 24 часа да го напушти Пјонгчанг.

Фенотерол се употребува за проширување на дишните патишта и најчесто го користат лицата кои боледува од астма.

Ова е трет случај на допинг на ЗОИ во Пјонгчанг. Претходно на допонг тестот паднаа натпреварувачот во брзо лизгање Кеи Саито и репрезентативецот на Русија во карлинг Александар Крушелнитскиј.

Словенија се пласира во осминафиналето на хокеарскиот турнир, а за пласман во четвртфиналето ќе игра против Норвешка. Победникот од овој дуел во четвртифналето ќе се сретне со Русија.

Scroll to Top