Top Sport

Смешен скандал на ММА промоција во Чешка (видео)

Дуелот меѓу Јан Јанка и Кристофер Сенгеле како дел од „Екс фајт најтс“ борбената ММА вечер во Прага нема да се одржи, иако се работеше за главен меч, откако на мерењето се случи голем инцидент меѓу двајцата.

Чехот Јанка (8-2) го турна својот француски противник Сенгеле (5-4), кој падна и ја сруши сценографијата.

„Јанка е отстранет од борбите на XFN 7. Неговото однесување може да се протолкува само како физички напад и нема никаква врска со вредностите на ММА“, се вели во соопштението.

Малку чудна одлука за спортот кој честопати има врска токму со атракцијата и со скандалозното однесување.

Scroll to Top