Top Sport

Снукер-атракција во Скопје

Билијард и снукер клубот „Гран Клуб“ од Скопје ќе организира меѓународен снукер турнир „Скопје опен 2017“ на 9 и 10 декември оваа година, носејќи уште една димензија на овој популарен спорт во Македонија.

„Гран Клуб“ неодамна во Скопје го донесе легендарниот Најџел Бонд, кој одигра тренинг-сесии, и сега, конечно, време е и за натпреварување од висок ранг и кај нас.

Турнирот ќе се игра по сите стандарди на светската снукер федерација. Ограничен е на 32 натпреварувачи и се игра по систем единечна елиминација. На турнирот може да земат учество професионалци и аматери, односно сите љубители на овој спорт. За најдобрите четворица се предвидени солидни награди.

Сите натпревари ќе се пренесуваат вo живо снимени во висока резолуција и за секој меч поединечно ќе постои статистичи обработена база на податоци, што всушност и претставува новина во нашата држава.

„Гран Клуб“ како организатор на најквалитетниот снукер турнир одржан во Р.Македонија, за сите учесници гарантира максимални услови на натпреварување, а за целата публика најквалитетни мечеви од најдобрите.

Scroll to Top