Поранешниот снукер играч, Вили Торн е поставен во медицински индуцирана кома во болница во Шпанија откако му се компликувала здравствената ситуација со дишните патишта.
66-годишниот Торн во март објави дека болува од леукемија, а неодамна бил однесен во болница со опасно низок крвен притисок.
Торн стигна до две четврт-финалиња на Светските првенства, а освои една ранкинг титутла, Меркантил класик во 1982 година. Тој беше дел од коментаторската група на „Би-би-си“, а потоа банкротираше откако призна дека позајмил над милион фунти за да ги врати своите коцкарски долгови.