Top Sport

Сок ќе мора да го прескокне заслужениот одмор

Џек Сок може да биде презадоволен што одличната година на АТП турнејата ја комплетираше со првата Мастерс 1000 титула во Париз во неделата за да го обезбеди последното осмо место на завршниот турнир во Лондон. Освен еден мал проблем.

Момчето од Небраска, кое освои три титули во 2017 година , стана првиот американски Мастерс шампион по Енди Родик во Мајами во 2010 година и сега ќе мора да ги смени плановите за одморот во и така кратката тениска пауза.

„Да бидам искрен, не знаев дека можам да се пласирам во Лондон ако победам во Париз. Не знаев дека ќе бидам толку блиску. Имав закажано голферски одмор со Џон Изнер во Огаста и тоа навистина ќе ми недостига. Но, ќе почека и ќе го видам на неговата свадба за два месеци“, изјави Сок.

Scroll to Top