Флојд Мејведер Јуниор ќе се врати во рингот, но не во ММА, туку во боксот, тврди легендата на ММА борбите, Чел Сонен во интервју за „ТМЗ спортс“, додавајќи дека ова е одлука „под мораш“, бидејќи тој ги потрошил сите пари.
„Флојд нема да замине во УФЦ, но повторно ќе боксува. Мислам дека сигурно ќе има барем уште еден меч. Флојд банкротираше и мора да се врати да заработи нешто. Не е важно колку си заработил, туку колку си оставил. Тој е толку глупав човек, а тие околу него се уште поглупави“, вели Сонен.
Ако оваа информација е точна, тогаш Мејведер ќе го фрли во сенка и еден Мајк Тајсон, кој заработи и потроши милиони во славната кариера, и би бил засрамувачки крај за боксерот чиј прекар е „Мани“ (money) и кој најчесто се фотографира со купишта пари.
Проценките велат дека Мејведер заработи над милијарда долари од боксот, откако само за последниот меч против Конор Мекгрегор заработи над 150 милиони евра.
Мејведер има 50-0 скор во рингот, а неодамна почна со тренинзи за настап во УФЦ.