Top Sport

Сопругата на Вигинс го нарече Фрум „рептил“!

Сопругата на петкратниот олимписки шампион во велосипедизам, Сер Бредли Вигинс, Кетрин се извини откако го опиша четирикратниот Тур де Франс шампион како „рептил“ на социјалните медиуми.

Кетрин Вигинс реагираше на вестите дека Фрум имал позитивен тест на салбутамол, нешто за што тој се правдаше дека не значи дека тој се допингува.

„Ми се лоши. Ништо во вестите. Да верував во теории на заговор ќе помислев дека го фрлија мојот сопруг под автобус намерно само да го прикријат овој влекачки рептил“, напиша Кетрин Фрум на Фејсбук.

Фрум и Вигинс немаа најдобри односи како колеги во Тим Скај, откако Фрум нападна на планинска етапа за да помогне Вигинс да ја обезбеди победата на Тур де Франс во 2012 година. Потоа, тој призна дека не се чувствувал добро во улогата на велосипедист за поддршка.

Сопругите на двајцата најдобри британски велосипедисти веќе се судираа на социјалните медиуми, откако во јануари Фрум ги коментираше медицинските дозволи за користење на стероиди за Вигинс пред Тур де Франс во 2011 и 2012 година.

Британскиот велосипедски јазол уште повеќе се „затегнува“.

Scroll to Top