Top Sport

Сопругата вели: Тајсон Фјури има само уште две години во боксот

Парис Фјури, сопругата на ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури вели дека нејзиниот сопруг ќе се повлече од боксот во следните две години.

33-годишниот Фјури овој месец ја одбрани шампионската титула во спектакуларен меч со Дионтеј Вајлдер, нокаутирајќи го во 11. рунда и иако смета дека може уште многу да оствари во боксот, со потенцијални мечеви со Олександер Усик или Ентони Џошуа, неговата сопруга вели дека неговото време отчукува.

„Мислам дека ќе оди уште неколку години. Сега има 33 години, максимум до 35 години. Знам дека Владимир Кличко и други боксери ја продолжиле кариерата до нивната 40-та година, но што правиш така освен што продолжуваш додека не загубиш. Не би сакала да го видам тоа од Тајсон. Секогаш ќе има некој кој е помлад и посвеж ако претераш. Затоа уште две или три години и да ги остави ракавиците“, вели Парис Фјури.

Scroll to Top