Во тек е Светско атлетско првенство за јуниори во Кенија. Очите на светската јавност се вперени во домашната атлетичарка Зеди Чвонго.
Иако таа го зазеде последното место во квалификациите во скок во височина, сепак со незјината техника на изведување го шармираше светот.
Наместо со стандардната техника „fozberi flop” која два најдобри резултати, Кенијката се обидува да ја прескокне летвичката одејќи со нозете нанапред.
Натпреварувањето го заврши како деветта со прескокнати 1,64 метри.
Оваа техника е стандарден начин на изведба во Кенија и во некои од африканските земји, но Зеди не го изведува технички најисправно.
Познавачите на оваа дисциплина коментираат дека врз основа на висината која ја достигнува со оваа техника на скокање, Кенијката има потенцијал, со добар тренер за некоја година да прескокне 2,10 метри.
Со тоа би го срушила еден од најдолговечните атлетски рекорди, на Бугарката Стефка Костадинова од СП во Рим во далечната 1987 година.