Top Sport

Спектакл во Мелбурн, Халеп преку Кербер до финалето

Првата носителка на Австралија опен Симона Халеп ќе и се спротивстави на Каролин Вознијацки во финалето на турнирот. Романката по голема борба во полу-финалето ја победи поранешната шампионка Анжелик Кербер откако третиот сет го доби на разлика со 9:7.

Медиумите пресметката на Халеп и Кербер ја окарактеризираа како исцрпувачка и возбудлива борба со прекрасни долги поени. Двете тенисерки во полу-финалето влегоа без пораз, односно од почетокот на сезоната Халеп имаше скор 10-0, а Кербер 14-0.

Почеткот беше крајно невообичаен, Халеп со два брејка стигна до предност од 5:0, меѓутоа Кербер успеа да се консолидира, да намали на 5:3, но по 25 минути игра Халеп го доби сетот со 6:3.

Романката и во вториот сет прва стигна до брејк (3:1), но шампионката од 2016 година успеа веднаш да возврати и да израмни на 3:3, потоа во деветтиот гем и го одзеде сервиост на противничката и во наредниот отсервира за 1.1 во сетови.

Почетокто на третиот сет беше само најава за драмата која следуваше. Започна со по еден брејк на двете страни, а потоа во осмиот гем Романката направи брејк (5:3), потоа сервираше за пласман во финалето, но Германката се врати од „мртвите“ направи рибрејк, а потоа не само што израмни туку уште еднаш и го одзеде сервисот на противничката и при водство 5:6 сервираше за пласман во финалето. Имаше Кербер две меч топки, а откако Халеп нив ги неутрализира успеа да израмни на 6:6.

Халеп во 16.гем успеа да ја искористи третата меч топка и со 9:7 да го добие решавачкиот сет.

„Тежок меч. Се тресам целата, преплавена сум од емоции. Знаев дека ќе биде тешко, таа има одлични удари од сите позиции и мнгу трча. Не е лесно да се играат вака долги мечеви, драго мие што стигнав до финалето“. Се гордеам што од оваа ситуација излегов како победник“, порачала Романката по мечот.

Халеп в сабота против Вознијацки ќе игра во финалето. Интересно и ддвете тенисерки се борат за својата прва Гренд слем титула.

Scroll to Top