Top Sport

Спортистите сами ќе си ги доделуваат медалите во Токио

Поради коронавирусот ќе падне уште една олимписка традиција. Освојувачите на медали сами ќе си ги доделуваат медалите. Оваа вест ја објави првиот човек на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах.

Во Токио е прогласена вонредна состојба поради коронавирусот до 8.август, поради што повеќе од 80 отсто од Јапонците се противат на одржувањето на Олимписките игри.

Игрите во Токио ќе се одржат без присуство на публика.

Олимписките игри ќе се одржат од 23.јули до 8.август.

Scroll to Top