Top Sport

Спустот во Куршевел за Шифрин, малиот Глобус за Гоџа

Американката Микаела Шифрин се наоѓа на чекор до освојување на големиот Кристален глобус, откако победи на трката во спуст, во Куршевел.

Шифрин, која разочара на Зимските олимписки игри во Пекинг, во Кушевел победи со време 1:27.00 минути. Таа ја забелжа 74.победа во кариерата, трета воопшто во спуст.

Американката по денешната трка стекна предност од 156 поени пред Петра Влхова, во борбата за големиот Кристален глобус. До крајот на сезоната останаа уште три трки.

На трката во спуст, зад Шифрин се пласираа Австријката Кристин Шаер и Швајцарката Јоана Хелен со резултат 1:27.10 минути.

Малиот Кристален глобус во оваа дисциплина и припадна на Италијанката Софија Гоџа. Ова е трета титула за Гоџа во оваа дисциплина во Светскиот куп.

Scroll to Top