Top Sport

Спустот во Квифтејл за Хинтерман и Александер

Швајцарецот Нилс Хинтерман и Канаѓанецот Камерон Александер приредија сензација на спуст трката, која се возеше во Квитфјел.

Ова е прва победа во кариерите на двајцата скијачи. Поголема причина за задоволство има Александер бидејќи беше 40.на стартот.

На крајот Хинтерман и Александер трката ја завршија со време 1:44.42 минути. Трет трката ја заврши Австриецот Матијас Мајер. Зад победниците тој задоцни за 12 стотинки.

До крајот на сезоната, во оваа дисциплина ќе се води голема борба за вкупна победа. Во генералниот пласман води Алекандер Омот Килде со 490 поени, Беат Фојс има 487, а Матјас Мајер 462.

Марк Одермат е на добра пат да го одбрани Големиот кристален глобус. Норвеженецот е лидер во вкупниот пласман во Светскиот куп со 1.222 поени, втор е Килде со 870, а трет Мајер со 752 поени.

Scroll to Top