Top Sport

Спустот за Гут, кристалниот глобус за Зутер

Лара Гут ја забележа и втората победа во Кран Монтана, откако победи и на втората трка во спуст, во Светскиот куп. Покрај Гут најмногу причини за радост имаше нејзината сонародничка Корин Зутер која го обезбеди првото место во генералниот пласман во оваа дисциплина.

Гут до втората победа оваа сезона, вкупно 26 во кариерата, дојде со резултат 1:27.23 минути. Само две стотинки послаб резултат имаше Зутер, а пет стотинки подалеку од победничката беше Австријката Нина Ортлиб.

До крајот на сезоната ќе се вози уште една трка во спуст, но Зутер во генералниот пласман има 477 поени, или 155 повеќе од Естер Ледецка која саботниот спуст го заврши на петтото место.

Утре во Кран Монтана на програмата е алпска комбинација.

Scroll to Top