Ватерполо репрезентацијата на Србија избори пласман во финалето на Европското првенство во Барселона. Србите, во полу-финалето, ја победија Хрватска 9:7 (5:3, 1:1, 1:1, 2:2), со што им се реваншираа на соседите за поразот во финалето на минатогодишното Светско првенство.
Српските ватерполисти, в сабота, ќе се борат за четвртиот златен медал во низа, тие на Европските првенства се непоразени од 2012 година.
Ватерполо класикот, Србите го решија со одличната игра во нападот во првата четвртина. Во останатите три ја одржува предноста со добрата игра во одбраната со која командуваше голманот Митровиќ.
На моменти Србија имаше предност и од три гола, а решавачкиот гол го постигна Мандиќ на три минути до крајот на мечот.
Ќук и Мандиќ со по три гола беа најефикасни во српските редови, додека ист број на голови кај Хрватска постигна Вукиќевиќ.