Top Sport

Србија рутински до четврт-финалето на ЕП во одбојка

Србија со максимални 3:0 (25:21, 26:24, 25:21) ја совлада Чешка за пласман во четврт-финалето на Европското првенство во одбојка, каде што сега ќе го чека последниот осми четврт-финалист од пресметката помеѓу Полска и Белгија.

Александар Анастасијевиќ со 14 поени и Павле Периќ со 13 беа најдобри во српската репрезентација.

Македонија вчера не успеа да се приклучи меѓу осумте најдобри во Европа по 3:0 поразот од Италија, која во четврт-финалето ќе игра со Холандија. Во другите четврт-финалиња ќе играат Франција-Романија и Словенија-Украина.

Scroll to Top