Српската одбојкарка Тијана Бошковиќ од страна на Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) е избрана за најдобра во Европа за 2017 година. На одбојкарката, која има само 20 години, наградата ќе ѝ биде врачена денеска на гала церемонијата која ќе се одржи во Москва.
Најдобрата европска одбојкарка оваа година со Србија го освои златниот медал на Европското првенство во Грузија и Азербејџан, каде што беше прогласена за МВП на турнирот.
На гран-прито во Кина каде Србија го освои бронзениот медал таа беше прогласена за најдобар коректор.
Со својот клуб Езачибаши играше на завршниот турнир во Лигата на шампионите, а на клупското светско првенство во Јапонија е прогласена за најдобар коректор.