Top Sport

Срѓан Ѓоковиќ редовно го напаѓа, а Новак го воодушеви со подарок по финалето

Новак Ѓоковиќ во неделата не успеа да ја освои својата 24. Грен слем титула. Во обид да го израмни рекордот на Роџер Федерер, односно да го освои Вимблдон по осми пат, го спречи Карлос Алкараз кој победи со 3:2 (1:6, 7:6( 6), 6:1, 3:6, 6:4).

Српскиот тенисер со гест по мечот успеа да ги израдува своите сонародници и покрај поразот. Ѓоковиќ му подари тренерка на Небојша Вишковиќ, коментатор на натпреварот за една телевизија. Тој вети дека ќе го направи тоа во случај на победа, но сепак реши да го направи и покрај тоа што загуби. Вишковиќ и семејството Ѓоковиќ споделуваат долга историја, не секогаш убава.

Во далечната 2008 година, Срѓан Ѓоковиќ, таткото Новак, му замери на Вишковиќ дека не навивал доволно за Новак во преносот. Му порача дека како Србин треба повеќе да го подржува неговиот син. Тогаш јавноста во Србија шпекулураше дека токму поради тоа интервју на Ѓоковиќ сениор, новинарот Вишковиќ ја напуштил Радио телевисија Србија.

Историјата се повтори лани, по мечот со Холер Руне на Мастерсот во Париз. Срѓан Ѓоковиќ инсиситирал Новак да се ословува со „Нашиот Ноле, нашата дика“, односно да не коментира со толкава професионалност.

„Сите луѓе, што пред неколку дена го гледаа со мене мечот во финалето во Париз… Како да гледавме данска телевизија, така пренесуваше коментаторот, Новак го викаа Ѓоковиќ. изјави таткото на најуспешниот тенисер по бројот на победи на Грен слем турнирите.

Scroll to Top