Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан, не го сменил мислењето што пред 12 години го стекнал за швајцарскиот тенисер Роџер Федерер.
Срѓан Ѓоковиќ, гостувајќи на телевизијата „Хепи“ заедно со поранешниот тренер на Новак, Никола Пилиќ, се потсетил на дуелот во Девјвис купот помеѓу Србија и Швајцарија, односно на мечот помеѓу Новак и Стан Вавринка, одигран пред 12 години.
Ѓоковиќ во петтиот сет побарал медицински тајм-аут, што не му се допаднало на Роџер Федерер, кој подоцна го обвинил Србинот дека е измамник.
„Не им верувам на тие негови повреди. Сериозен сум, навистина. Мислам дека тој е целосна измама, кога се говори за тие повреди“, рекол тогаш Федерер.
Меѓутоа Срѓан Ѓоковиќ не ги заборавил тие зборови.
„Тогаш реков дека Федерер е голем шампион, но ‘мал’ човек. Тоа го мислам и денес. Во последно време го имама поправено односот, јасно му е дека згрешил. Дури му е и тренер на Ниак, го видовте како го советуваше во Лејвер купот“, рекол Срѓан Ѓоковиќ.