Top Sport

Српски одбојкар се излечи од корона: Проблем со болеста е што нема правила!

Српскиот одбојкарски репрезентативец, Никола Росиќ го победи коронавирусот, па ги сподели искуствата поврзани со болеста. Тој за српските медиуми раскажа како изгледа соочувањето со Covid-19, лекувањето, но и борбата на лекарите за секој човечки живот.

„Имав температура 4-5 дена, па решив да се тестирам. Откако откриј дека сум позитивен на вирусот, температурата не се симнуваше уште 4 дена. По 5 дена терапија, температурата се намали, ги изгубив сетилата за мирис и вкус, па дури после седмиот или осмиот ден тие се вратија. Потоа работите тргнаа на подобро. Во моментите на зараза е многу тешко. Постојат луѓе кои ги немаат сите симптоми, но се преносители. За овие 14 дена се видов, проблемот со болеста е што нема правила“ – рече одбојкарот Росиќ.

Додека бил сместен во болница, вели дека сила му давало тоа што ги гледал докторите како неуморно се грижат за секој пациент.

„Луѓето (докторите) буквално не спијат. И тие за првпат се соочуваат со ова. Им испраќам порака за поддршка. Човек не може се да испланира, секогаш има изненадувања“ – порачува српскиот одбојкар.

Scroll to Top