Српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ се пласираше во второто коло на Вимблдон откако во вчера вечерта во првото коло го совлада индиецот Самит Нагал со 6:2, 3:6, 6:3, 6:4.
Натпреварот траеше два часа и 40 минути.
Кецмановиќ е 52. тенисер во светот, додека Нагал е 73. на АТП листата.