Top Sport

Српските ватерполисти го расплакаа селекторот Савиќ

Српските ватерполисти по враќањето од Токио, одржаа прес конференција на аеродромот во Белград. Во јапонската престолнина тие го одбранија златниот медал од освоен пред пет години во Рио де Жанеиро.

Србија во финалето ја совлада Грција со 13:10. Натпреварот со Грција, беше последен во националниот тим, за седуммина српски ватерполисти: Филип Филиповиќ, Гојко и Душко Пјетловиќ, Андрија Прлаиновиќ, Милан Алексиќ, Стефан и Братислав Митровиќ.

Пресот донесе вистински излив на емоции. Селекторот Дејан Савиќ, не можеше да ги задржи солзите кога Стефан Митровиќ со песната „А сега адио“, одговори на новинарски прашање.

Scroll to Top