Top Sport

Срушен е светски рекорд во шах, 111 меча без пораз

Норвешкиот шахист, Магнус Карлсен уште еднаш докажа дека е еден од најголемите во историјата на шахот. Тој има неверојатни 111 мечеви во низа на кои не е поразен, со што стана светски рекордер во непобедливост.

Карлсен е светски шаховски првак од 2013 година.

Претходниот рекорд, од 110 партии без пораз го држеа Хрватот Богдан Лалиќ и советско-холандскиот велемајстор, Сергеј Тивјаков.

Магнус Карлсен на љубителите на оваа древна игра им е познат како „шаховскиот Моцарт“.

Scroll to Top