Top Sport

Стадионот „Пјер Моро“ меѓу тенисот и фудбалот

Во петок почнува финалето на тенискиот Дејвис куп помеѓу Франција и Белгија, и подготовките за трансформација на стадионот „Пјер Моро“ во Лил во тениска арена се во тек.

Твитер акаунтот на „Дејвис купот“ постави фантастична фотографија во која се гледа како тече една трансформација на фудбалски стадион во тениска арена.

Ова не е првпат „Пјер Моро“ да се користи за тенис – Французите таму ја совладаа Србија за пласман во финалето, а во 2014 година тука се играше финалето кога Франција загуби со 3:1 од Швајцарија со Роџер Федерер и Стен Вавринка во тимот.

За фудбалски натпревари стадионот има капацитет од 50.000 фанови, но за тенис тој ќе биде намален на 27.000 навивачи, кои сепак, ќе направат фантастична атмосфера.

Scroll to Top