Top Sport

Стивенс како „воз“ преку Контавеит

Шампионката од САД опен, Слоун Стивенс по првпат влезе во четврт-финалето на Ролан Гарос, откако ја декласираше Естонката Анет Контавеит со 6:2/6:0.

Контавеит, која ја изненади осмата носителка Петра Квитова во саботата, овојпат не покажа ниту дел од својата игра за да постави четврт-финале со Казахстанката Јулија Путинцева, која со 6:4/6:3 ја совлада Чехинката Барбора Стрицова.

Стивенс, која лани имаше драстичен пад на формата по освојувањето на деби гренд слем трофејот во Њујорк беше апсолутно доминантна на теренот „Филип Шартие“ и откако во првиот сет беше 2:2, Стивенс не загуби ниту еден гем до крајот и победи за само 52 минути.

Таа е втората Американка во четврт-финалето во горниот дел од ждрепката, откако Медисон Киз (која загуби од Стивенс во финалето на САД опен), со 6:1/6:4 стави крај на изненадувачката серија на Романката Михаела Бузарнеску.

Серена Вилијамс може да биде третата Американка меѓу најдобрите осум ако утре ја победи Марија Шарапова.

Фото: ЕПА

Scroll to Top