Top Sport

Стивенс пак ја сопре Азаренка во Мајами

Шампионката од САД опен, Американката Слоун Стивенс, конечно, повторно покажува форма со која стана гренд слем шампионка, откако со 3:6/6:2/6:1 ја совлада поранешната светска тенисерка број 1, Викторија Азаренка за пласман во финалето на Мајами опен.

Трикратната шампионка од Ки Бискејн, Азаренка, која го играше само вториот турнир по осуммесечна пауза поради битката за старателство на својот едногодишен син, покажа добра игра во Мајами, но на крајот немаше сила против помладата противничка.

Стивенс, која ја победи Азаренка и во претходниот турнир во Индијан Велс ја презеде контролата на почетокот на вториот сет и не и даде шанса на Белорусинката да се врати.

„Знаев дека морам да се борам до крај. Во првиот сет бев во ’аут’, но знаев дека можам да победам“, вели 25-годишната Американка.

Стивенс во финалето ќе игра или со шампионката од Францускиот опен, Јелена Остапенко или со американската квалификантка Даниел Колинс, која ја елиминираше Венус Вилијамс на „Крендон парк“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top