Top Sport

Стох го собори рекордот во Трондхајм (Видео)

Полскиот ски-скокач и актуелен лидер во Светскиот куп, Камил Стох, постави нов рекорд на скокалницата во Трондхајм, на настанот наречен „Raw Air“.

Стох во првиот ско стигна до рекордот кога леташе 146 метри. Во последниот скок Полјакот забележа резултат 141 метар.

Стох, во моментов е лидер на „Raw Air“ турнирот.

Второто место го освои Норвежанецот Роберт Јохансон со скокот од 145,5 метри, додека на третата позиција заврши Австриецот Штефан Крафт (141,5 метри).

На четврттата и петтата позиција се пласираа уште двајца Норвежани, Андреас Стјернен и Јохан Андре Форфанг.

Scroll to Top