Top Sport

Стох пак ја декласираше конкуренцијата (видео)

Полскиот скокачки ас, Камил Стох ги декласираше конкурентите во Лахти, победувајќи со повеќе од 28 поен иразлика пред Германецот Маркус Ајзенбихлер за да го зголеми водството во генерален пласман во Светскиот куп.

Стох имаше скокови од 132 и 134 поени за да собере 314.2 поени пред Ајзенбихлер со 286.0 (124.5 и 129.5 метри) и Австриецот Штефан Крафт со 285.9 поени (124 и 128.5 метри). Со победата Стох го зголеми водството во генерален пласман, и сега има 963 поени, пред Германецот Рихард Фрајтаг со 836, откако тој успеа да го освои само 15. место.

„Победа е победа, без разлика на тоа колку е разликата во поени. Секогаш е убаво да се победува. Двата скока беа речиси совршени и штета што викендов завршува“, вели Стох.

Сезоната за Стох не може да биде подобра – тој прво победи на новогодишната турнеја „4 скокалници“ победувајќи на сите четири станици, по што освои олимписко злато на големата скокалница.

„Секоја чест на тренерите кои ме подготвија добро за оваа сезона. Научив многу во последните години“, вели Стох.

Фото: ЕПА

Scroll to Top