Top Sport

Стојоски последен на 400 метри на ЕП

Македонскиот репрезентативец, Јован Стојоски, го заврши своето учество на Европското првенство во сала, кое се одржува во Торун, Полска.

Стојоски, квалификациите во дисциплината 400 метри, ги заврши на последното место. Македонскиот атлетичар настапи во втората квалификациска група, а во целта влезе со време 48,60 секунди. Овој резултат е са една секунда послаб од времето со кое Стојоски дојде во Торун.

Стојоски, имаше добра старт, се држеше да четвртата позиција, се до моментот кога беше оттурнат од Италијанецот, Лоренцо Бенати. Во тој момент ја загуби рамнотежата, успеа да ја заврши трката, но го освои последното место во групата.

Стојоски беше единствениот македонски претставник на Европското првенство.

Фото/gramho.com/profile – Jovan Stojoski

Scroll to Top