Легендарната Планица денеска е домаќин на претпоследното натпреварување во скијачки скокови. Сепак, денот го одбележа немил настан – страшниот пад на Норвежанецот Даниел-Андре Танде.
Тој со брзина од 102,6 километри на час загуби рамнотежа, при летот потполно се изврте, па падна на страна и се излизга до крајот на патеката.
Падот изгледаше навистина опасно, па се чинеше дека Танде (кој во моментов е 11-ти според пласманот) загуби свест. По укажаната прва помош, тој со хеликоптер беше префрлен во болницата во Љубљана.
„Неговата состојба е стабилна, во болницата ќе му бидат направени дополнителни прегледи“ објавија од Меѓународната скијачка федерација.
Еве како изгледаше летот на Танде: