Top Sport

Страшна повреда на канадски хокеарски меч (вознемирувачко видео)

Дека хокејот е прилично опасен спорт се покажа уште еднаш на меч од Онтарио хокеарската лига (ОХЛ) помеѓу Нијагара ајс догс и Лондон најтс, кога голманот на Нијагара, Такер Тајнан доби сериозна исеченица на ногата по судир со лизгалката на еден од противничките хокеари.

Младинскиот натпревар беше прекинат по инцидентот во втората третина, кога 17-годишниот Тајнан ја доби сериозната повреда, а снимките покажуваа како голманот лежи покрај „фонтана“ на крв.

Нијагара ајс догс подоцна потврдија дека нивниот голман е во стабилна состојба откако бил на итна операција. ОХЛ лигата е дел од „малите“ хокеарски лиги во Канада чии тимови служат како подружници за НХЛ тимовите.

Scroll to Top